Доколку не сте сигурни дали јајцата што ги купивте се навистина свежи, употребете го овој трик за веднаш да го дознаете одговорот.
Земете една стаклена чаша (поради провидноста е повеќе практична) и наполнете ја со вода околу една третина за да остане доволно простор кога ќе го ставите јајцето во неа истата да не се прелева (ќе го спречите хаосот од вода околу вас).
Пуштете го јајцето во чашата и оставете трикот сам да ви ја покаже магијата.
Доколку јајцето е навистина свежо, тогаш истото ќе падне на дното од чашата, но доколку јајцето е старо, истото ќе плута. Оние јајца кои ќе стојат на средина на чашата се сеуште добри за употреба.