Многумина имаат проблем со бубачки во кујната или во шпајзот каде обично се чуваат брашното, оризот и тестенината.
Како да ги спречите и чувате подалеку од садовите за складирање? – многу едноставно.
Ставете во секој сад за складирање (без разлика дали е за брашно, тестенина или ориз) по еден ловоров лист и работата е завршена.
Повеќе не мора да се грижите дека некогаш ќе видите бубачка во садовите за складирање или околу нив.