250 гр. папардели
200 гр. сланина
300 мл. доматно пире
1 мала главица кромид
1 лажичка оригано
2 лажици масло за јадење
сол
бибер
Сланината исечете ја на долгнавести парчиња или коцки и испржете ја во тава на малку масло. Готовата сланина ставете ја на кујнска хартија за да ја впие вишокот маснотија.
Садот во кој ја пржевте сланината вратете го на оган и во маснотијата од сланината ставете да се пржи ситно сечкан кромид. Кога кромидот ќе омекне додадете го доматното пире и 100 мл. вода.
Потоа зачинете со оригано, сол и бибер, промешајте и оставете да се крчка на ниска температура. Повремено промешајте за сосот да не ви загори.
Во меѓувреме ставете ги да се варат тестенините во посолена вода. Кога тестенината е полуварена исцедете ја од водата и додадете ја во садот со сосот. Потоа додадете ја испржената сланина и промешајте за сосот убаво да се распореди. Оставете да крчка 5 минути.