2 јајца
200 гр. пченично брашно
50 гр. пченкарно брашно
150 гр. сирење
200 гр. обарен спанаќ или свеж бејби спанаќ
100 мл. јогурт
50 мл. масло за јадење
½ пакетче прашок за печиво
½ лажичка сол
Во сад за матење со миксер ги матиме јајцата па во нив ги додаваме јогуртот и маслото. Повторно матиме за се убаво да се соедини.
Во смесата од јајца го додаваме брашното и прашокот за печиво и матиме со миксер со средна брзина додека се стане хомогено. На крајот го додаваме спанаќот и сирењето кое сме го издробиле со рака, посолуваме и мешаме со лажица.
Добиената смеса ја ставаме во калапи за мафини и печеме на 220ºC 15 - 20 минути. Послужете со кисело мелко или павлака.