1 свеж кокос со средна големина или 300 гр. кокосово брашно
1 л. кокосово млеко
4 лажици шеќер
Свежиот кокос најпрво прободете го со остар предмет во сите три вдлабнатини на долната страна од кокосот и внимателно истурете ја кокосовата вода во сад.
Потоа со помош на чекан скршете ја кората на кокосот. Кокосовото месо излупете го од кафеавата лушпа, исечете го на мали парчиња и ставете го во кујнски блендер, па во него додадете го кокосовото млеко и кратко пулсирајте.
Потоа во блендерот ставете го шеќерот и блендирајте уште околу 1 минута за да се соединат сите состојки. Може да додадете и малку какао во прав кое ќе го збогати вкусот.
Доколку за подготовка на ова смути користите кокосово брашно, истото потопете го во кокосовото млеко да отстои најмалку еден час. Потоа прецедете го низ цедалка и притоа нежно притискајте го со лажица.
Ставете ги исцеденото кокосово брашно и млекото во блендер заедно со 4 лажици шеќер и блендирајте половина минута. Послужете веднаш.