½ главица кромид
½ страк праз
100 гр. кускус
100 гр. свежа блитва
100 гр. свежи шампињони
2 лажици масло за јадење
½ лажичка кумин
½ лук во прав
1 лимон
сол
бибер
На листовите блитва отстранете им го средишниот дел па исечете ги на широки ленти. Кромидот и празот исечкајте ги на ситни коцки а печурките на половинки.
Во тава на оган со умерена температура ставете го маслото да се загрее, па на него кратко пропржете го кромидот. Кога кромидот малку ќе омекне, во тавата додадете ги печурките и продолжете со пржење додека печурките малку поруменат. Пржете со континуирано мешање.
Потоа во тавата додадете ја блитвата. Зачинете со кумин, лук во прав, сол и бибер и промешајте. На крајот додадете го кускусот, убаво промешајте и тргнете ја тавата од оган.
Врз целата содржина во тавата налејте 200 мл. жешка вода, промешајте, па покријте ја тавата со капак или алуминиумска фолија и оставете така да стои околу 10 минути.
Кускусот подготвен на овој начин можете да го послужите како прилог или како салата и во топла и во ладна варијанта. За совршен вкус, пред послужување, попрскајте го кускусот со сок од лимон.