кори за пита
праз
масло за јадење
газирана вода
сол
Исечкајте го празот и кратко пропржете го на малку масло ( доволно е само малку да омекне). Посолете по вкус и промешајте. Ставете го на страна да се излади.
На работната површина ставете две кори една до друга така што краевите малку ќе се преклопуваат за да можат да се залепат. Попрскајте со малку масло за јадење а потоа со газирана вода.
На крајот распоредете од празот по целата површина на корите, свиткајте ги како ролат па формирајте полжавче. Повторете ја постапката онолку пати колку што ви се потребни полжавчиња.
Формираните полжавчиња попрскајте ги со малку масло и ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200°C. Печете ги околу 15 минути.