школки за такоси
рендан кашкавал
листови марула
луто пиперче
магдонос
За овој рецепт потребно е да имате веќе подготвено чили кон карне.
Од доматите и останатиот зеленчук направете свежа салса од домати. Листовите марула исечкајте ги на тенки ленти. Школките загрејте ги според упатството на пакувањето па наполнете ги со прилозите.
На дното од внатрешниот дел на школката ставете малку марула. Врз марулата распоредете две лажици чили кон карне, па наросете со рендан кашкавал.
Потоа додадете салса а на крајот повторно ставете марула и наросете со кашкавал. Завршете ги такосите со ситно сечкан свеж магдонос и луто пиперче.