800 гр. пилешко месо (со коска)
800-900 мл. пилешки бујон
4 лажици брашно
половина главица лук
8 лажици масло за јадење
1 лажица мешан сув зачин
свежо мелен црн бибер
сол
Во длабок сад на оган, ставете го месото да се вари во поголема количина вода па додадете 1 лажичка сол и варете го додека убаво омекне. (Најдобро е да користите цело пиле.)
Свареното месо извадете го во сад настрана и исчистете го од коските и кожата, а водата (бујонот) во која се варело месото, прецедете ја низ цедалка.
Во друг сад на оган ставте го маслото за јадење и во него додадете го брашното. Пржете го брашното 2-3 минути со постојано мешање на ниска температура а притоа внимавајте да не ви потемни.
Потоа во садот налејте го пилешкиот бујон и непрекинато мешајте со жица за матење. Мешајте додека брашното убаво се раствори во бујонот.
Оставете кашата да проврие па во неа додадете го пилешко месо. Додадете го и лукот кој претходно сте го исечкале на тенки кришки, зачинете со мешан сув зачин, сол и свежо мелен бибер по вкус.
Варете ја кашата на тивок оган уште 2-3 минути за да се спојат вкусовите.