1 печен модар патлиџан со средна големина
1 лажица кисела павлака со висока масленост
2 чешниња лук
¼ лажичка кумин во прав
1 лажица екстра девствено маслиново масло
½ лажичка свежо цеден сок од лимон
сол
Излупете го модриот патлиџан и исчистете го од семките. Исечкајте го на парчиња и ставете го во кујнски сечко или блендер.
Потоа во него додадете ги сите преостанати состојки и блендирајте додека добиете мазна, хомогена смеса. Посолете по вкус и повторно кратко блендирајте.
Вака подготвено, макалото е спремно за послужување. Доколку подготвите поголема количина, истото ставете го во вакумски сад за храна и складирајте го во ладилник.
Ова макало може да се служи како мезе со чипс или крекери, како намаз или како додаток на главно јадење.