2 кг. јагоди (свежи или замрзнати)
1 кг. шеќер
1 лимон
1 кесичка ванилин шеќер
Во садот во кој ќе го варите слаткото распоредете еден ред од јагодите па прекријте ги со шеќер. Потоа повторно ставете ред јагоди и шеќер. Бројот на слоеви од јагоди и шеќер е во зависност од ширината на садот. Повторете ја постапката додека ви се потрошат количините.
Потоа ставете го садот на оган со ниска температура и оставете ги јагодите да зовријат па варете ги на тивко околу 40 минути односно додека ја добиете посакуваната густина на шербетот. Внимавајте да не ги преварите за да останат цели.
Додека слаткото се вари, со дрвена лажица отстранувајте ја пената која ќе се формира на површината.
Неколку минути пред да го тргнете слаткото од оган, во него додадете тенки кришки лимон и ванилин шеќер и внимателно промешајте.
Готовото слатко покријте го со памучна салфета и оставете го да се излади. Потоа складирајте го во чисти стерилизирани теглички.