6 кг. зрели домати
3 кг. шеќер
3 кесички ванилин шеќер
Доматите исечете ги на парчиња па сомелете ги со помош на машина за мелење домати при што ќе ги отстраните лушпите и семките.
Добиеното пире ставете го на оган да се вари на средно висока температура. Кога пирето ќе проврие, на неговата површина ќе се формира пена која со помош на дрвена лажица ќе ја отстранувате додека целосно исчезне.
Варете го пирето на средна температура со повремено мешање. Кога течноста ќе испари и мармаладот ќе почне да се згуснува, во него додадете ги шеќерот и ванилиниот шеќер.
Продолжете со варење додека шеќерот целосно се растопи, па тргнете го мармаладот од оган, и складирајте го додека е топол, во топли, стерилизирани теглички.
Напомена: Мармаладот од домати треба да биде во потечна форма.
Овој мармалад е совршен во комбинација со палачинки.