1 печен модар патлиџан (средна големина)
1 домат (средна големина)
½ главица црвен кромид
2-3 чешниња лук
2 лажици екстра девствено маслиново масло
¼ лажичка кумин во прав
½ лажичка мелена црвена пиперка
1 лажица ситно сечкан свеж магдонос
сол
Излупете го модриот патлиџан, исчистете го од семките и ставете го во длабок сад. Потоа со помош на рачна алатка за пасирање, само згмечете го.
Кромидот исечкајте го ситно а доматот излупете го, исчистете го од семките па исечкајте го на коцки.
Кромидот и чешнињата лук ставете ги во толчник со малку крупна сол и истолчете ги за да ја испуштат својата арома. Потоа во толчникот додадете го доматот и продолжете со толчење додека доматот пушти течност.
На крајот додадете го модриот патлиџан, куминот, мелената црвена пиперка и сечканиот магдонос, посолете по вкус и промешајте.
Оваа мароканска салата се служи и како макало. Во неа можете да додадете и неколку капки сок од лимон, а за пикантен вкус печена или свежа лута пиперка.