2 тиквички (средна големина)
120 мл. масло за јадење
260 гр. брашно
50 гр. какао
300 гр. шеќер
2 лажички екстракт од ванила
½ лажичка сода бикарбона
1 лажичка сол
Тиквичките добро измијте ги, избришете ги со кујнска хартија па изрендајте ги на ситната страна од рендето.
Ренданата тиквичка нежно притиснете ја со раце за да и ја отстраните вишокот на течност.
Од исцедената тиквичка измерете 300 гр. и ставте ја во сад на страна.
Во длабок сад ставете ги шеќерот, маслото за јадење и екстрактот од ванила па изматете ги со миксер додека состојките се соединат.
Во друг сад измешајте ги брашното, какаото и солта. Додадете сода бикарбона и повторно убаво промешајте за да се распоредат состојките па целата содржина од садот додадете ја во смесата од шеќер и масло. Промешајте.
На крајот во садот додадете ја изренданата тиквичка и мешајте со рачна маталка додека се добие мазна, хомогена смеса.
Истурете ја смесата во намастен и набрашнет калап за печење (со димензии 23см. x 33см. или кружен калап со дијаметар 32см.) и ставете го колачот да се пече во претходно загреана рерна на 175°C, 25-30 минути.
Извадете го колачот од рерна и оставете го целосно да се излади пред да го исечете и послужите.