300 гр. ореви
500 гр. мелени бисквити
600 гр. шеќер
15 лажици вода
60 гр. маргарин за готвење
1 ванилин шеќер
кокос за валкање
Во еден сад на оган се ставаат шеќерот и водата. Се меша додека не се растопи шеќерот и се остава шербетот да проврие. Потоа се додава маргаринот и постојано се меша додека на се растопи. На крајот се додава ванилиниот шеќер и се остава шербетот малку да се излади.
Во сад се ставаат оревите и бисквитите и се промешуваат. Млакиот шербет се додава во садот и се меша со раце додека се стане хомогено. Од добиената смеса се формираат топчиња и се валкаат во кокос.