6 јајца
33 лажици шеќер
300 мл. масло за јадење
300 мл. млеко
300 гр. брашно
1 прашок за печиво
2 лажици какао
1 чоколадо за готвење
Јајцат се кршат и се делат жолчките од белките. Белките се ставаат во сад настрана, а жолчките се матат заедно со 15 лажици шеќер.
Во изматените жолчки се додава масло, млеко, брашно, какао и прашок за печиво. Се убаво внимателно се промешува и добиената смеса се става во намаснет и набрашнет плех за печење. Се пече во загреана рерна на 200°С.
Додка се пече пандишпанот, се матат белките со 18 лажици шеќер во цврст снег. Испечениот пандишпан се вади од рерна и врз него се нанесува снегот од белки, убаво се порамнува и се враќа во рерна да се пече уште 7- 10 минути односно додека снегот добие светло румена боја.
Готовата торта на крајот се прелива со чоколадо кое е растопено со малку масло за јадење.