5 јајца
20 лажици шеќер
20 лажици брашно
250 гр. гриз
⅓ прашок за печиво
600 гр. шеќер
850 мл. вода
1 кесичка ванилин шеќер
20 мл. масло за јадење
Јајцата се матат со шеќерот додека шеќерот не се растопи. Потоа се додава гризот, па брашното и на крај прашокот за печиво. Се убаво се соединува.
Добиената смеса се пече во претходно намастена тава со масло за јадење на 220°С, па кога ќе зарумени температурата се намалува на 180°С и се остава да се пече уште 15 минути.
Печената торта се остава да се излади, а во меѓувреме се вари шербет од 600 гр. шеќер и 650 мл. вода. Во готовиот шербет се додава ванилин шеќер.
Сварениот врел шербет се полива врз изладената исечена на коцки торта. Тавата се покрива и се остава тортата да отстои на собна температура додека не се излади.