6 црвени кисели јаболка
2½ чаши од 200 мл. шеќер
2 лажички сода бикарбона
200 мл. масло за јадење
2 јајца
4½ чаши од 200 мл. брашно
2 кесички ванилин шеќер
½ кесичка цимет
сечкани ореви (по желба)
Јаболките се лупат и се рендаат на крупната страна од рендето. Во нив се додава шеќерот и сода бикарбона. Убаво се промешуваат па се оставаат така да отстојат 60 минути.
Потоа во садот со јаболките се додаваат маслото за јадење, јајцата кои претходно сте ги изматиле со вилушка, сечканите ореви, брашното, ванилиниот шеќер и цимет по вкус.
Сето ова се меша со лажица за добро да се соедини па добиената смеса се става во тава претходно намастена со масло за јадење и поросена со брашно.
Се пече во загреана рерна на 150°С. После изминати 45 минути со чепкалка за заби се проверува дали тортата е печена.